Информации за продавачи
Информации за продавачи
LC
“До трговска размена не би дошло, ако од неа учесниците не би имале никаква корист. Се разбира, најдобро е човек да се спогодува, онолку колку  што му дозволуваат условите. Најлошо е пак, секако, кога поради преголема алчност е исклучена можноста за спогодување и трансакцијата што би била корисна за двете страни остане без реализација”
                                                                                                                                              .......... Б. Франклин


I.   За пријавување недвижности во Агенцијата, треба:

     1.   Да се донесе, прати по пошта, маил или факс копија од доказот за сопственост - Имотен Лист.

     2.  Да се склучи со Агенцијата писмен Договор за посредување во продажбата. (може и по маил / факс)

     3.  Да се достави клуч за недвижности во кои никој не живее, за професионално извршување на увиди со купувачи.

II.    Видови Договори за посредување:

     
До донесување посебен Закон за професионализација на оваа дејност како во ЕУ, Р.Македонија е една од ретките земји со нестандардизирани договори за посредување, а според постојните правни прописи ( и согласно стандардите што ги претпочита секоја агенција) функционираат:
    
     1.  Неексклузивен Договор за посредување, во најчеста употреба, на неодредено време и со повеке агенции,
     2.  Ексклузивен Договор за посредување, на одредено време, само со една агенција, да само таа има право да ја нуди недвижноста на продажба.
 
      -  Со Неексклузивниот договор за посредување, агенциите немаат посебна обврска за маркетишка подршка на продажбата и нивна проценка како и колку ке инвестираат во маркетинг, поради ризикот дека продажбата може да не се реализира со купувач од агенцијата.
      -  Со Ексклузивниот договор за посредување, Агенцијата презема обврски за јавна маркетиншка подршка на продажбата ( објавува надворешни слики и мапи за недвижноста на својата веб страна и други комерцијални веб страни и печатени медиуми, можност за поставување рекламна табла на недвижноста, па се до посебен ТВ маркетинг.
     
         Агенцијата е согласна и за меѓуагенциска соработка во продажбата, со легални агенции за посредување со недвижности.
         За попрофесионална, поквалитетна и побрза продажба, иднината е на страна на Ексклузивните Договори со агенции што претпочитаат мегуагенциска соработка во продажната реализација.
         Ексклузивните Договори не се хендикеп туку поволност за продавачите затоа што од една страна не мора да губат време склучувајки неексклузивни Договори со повеќе агенции, а од друга страна знаат дека Агенцијата ќе вклучи и други агенции во продажбата на нивната недвижност.
.

“До трговска размена не би дошло, ако од неа учесниците не ...
Повеќе

Информации за купувачи

" Ако не можеш да кажеш ништо добро, немој ни да преговараш& ...
Повеќе

Прашања и Одговори

Често поставувани прашања и одговори. ...
Повеќе

Партнери

 

© 2009 Можности Охрид - Агенција за недвижности.
Сите права задржани.
developed by Asidus