Информации за купувачи
Информации за продавачи
LC
" Ако не можеш да кажеш ништо добро, немој ни да преговараш"

                                                                               .......... стара изрека

        

   1. Трошоци при купопродажба на недвижен имот:


Основно правило во агенциското работење, базирано на принципот за етичка рамнотежа т.е. “Не сите обврски на една страна” е следното: Агенциска провизија – продавач, други трошоци – купувач.

Од наведеното правило во пракса има и одредени отстапувања:

  • Договорно – во преговорите самите странки се согласиле за партиципација во агенциската провизија и на купувачот или поделба на сите трошоци меѓу двете страни,
  • Условена продажба – продавачот ја нуди продажбата со отстапување од горенаведеното правило т.е. бара партиципација во провизијата од страна на купувачот.
  • На барање на купувачот – кога на своја иницијатива со Агенцијата склучува Договор за посредување при купување, ангажираќи ја да најде одредена атрактивна недвижност што се продава приватно или преку друг посредник, со обврска тој да ја плати агенциската провизија.
 
 Трошоци на страна на купувачот:

  • Редовни трошоци: данок за купопродажба на недвижност 3%, административни (нотарски) и банкарски трошоци,
  • Повремени трошоци: кога купувачот по своја желба сака да користи посебни професионални услуги, пример: проценителски, медијаторски, адвокатски.

Важно: согласно Етничкиот Кодекс – не може да се наплаќа провизија од повеќе од една страна доколку истото не е во целост обелоденето.
  
 

“До трговска размена не би дошло, ако од неа учесниците не ...
Повеќе

Информации за купувачи

" Ако не можеш да кажеш ништо добро, немој ни да преговараш& ...
Повеќе

Прашања и Одговори

Често поставувани прашања и одговори. ...
Повеќе

Партнери

 

© 2009 Можности Охрид - Агенција за недвижности.
Сите права задржани.
developed by Asidus