За Нас
Информации за продавачи
LC
        Пролет '98-ма започнавме со визија, две година подоцна стана семејна дејност: "Посредување во промет со недвижности" позната на пазарот како Агенција за недвижности "МОЖНОСТИ" Охрид ДООЕЛ.
        Носител на дејноста е Венко Наумоски, дипл. правник со Сертификат за брокер-менаџер од Фебруари 2000та година, кога Агенцијата стана членка на МААН (Македонска асоцијација на агенции за недвижности).
        Нашата мисија е: "Да го подобриме животот и работата на луѓето преку продажба односно стекнување недвижност".
        Среќни сме што помогнавме стотици клиенти да склучат купопродажни трансакции; да ги остварат своите лични, семејни и деловни планови.
        Согласно изреката: "Биди добар во нешто" се специјализиравме во една единствена дејност - посредување во купопродажба на недвижности на територија на општина Охрид.
        Во врска со тоа ги даваме сите правни фактички услуги: од Писмо на намери или Преддоговор до Договор, како и постпродажните активности - заклучно со упис на промената во Кататар за Имотен Лист на име на купувачот.
        БЛАГОДАРНОСТ до сите наши клиенти што реализираа трансакци, што не препорачуваа и помогнаа во нашиот професионален развој.

        Охрид,  Јануари 2010 г.                                                                                                       Венко Наумоски
                                                                                                                                                              директор


“До трговска размена не би дошло, ако од неа учесниците не ...
Повеќе

Информации за купувачи

" Ако не можеш да кажеш ништо добро, немој ни да преговараш& ...
Повеќе

Прашања и Одговори

Често поставувани прашања и одговори. ...
Повеќе

Партнери

 

© 2009 Можности Охрид - Агенција за недвижности.
Сите права задржани.
developed by Asidus