Услуги
Информации за продавачи
LC
Подетално за агенциските услуги:
 
  • Давање консултативно мислење за цена за недвижноста што се пријавува за продажба,
  • Правење Писмо на намери, Преддоговор, Договор за купопродажба, Договор за размена и други попратни документи за трансакции со недвижности,
  • Спроведување на договорите во Катастар за упис на промената за Имотен Лист на име на купувачот,
  • Постапка за добивање Решение за бришење на хипотека, спроведување во Катастари вадење Потврда дека нема упис на хипотека,
  • Вадење финансиски картици за сметки од комуналните служби и за данок на имот во Даночно одделение како и промена на задолженијата,
  • Носење комисија во недвижноста за проценка на данок на промет,
  • Стручна помош на клиентите при реализација на купопродажби со банкарски кредити од сите комерцијални банки,
  • Асистенција во банкарски трансакции и плаќања,
  • Постапка пред Централен Регистар на Р.М. за нерезиденти и вадење потврда за трансвер на парите од продажбата во странство,
  • Правење записник за примопредавање на владението на недвижноста,
  • Постапување како полномошник за отсутни клиенти,
  • Медијаторство во преговори за купопродажба на барање на продавачи или купувачи во ситуации во кои агенцијата не посредувала,
  • Помош на продавачи кои сакаат да продаваат недвижности во други општини во Р.Македонија со склучување Договори за посредување со меѓуагенциска соработка,

Напомена:


  За потребите на нашите клиенти за други услуги во врска со недвижности, агенцијата дава препораки и информации за други деловни субјекти: адвокати, проценители, преведувачи, агенции за издавање, осигурителни друштва, геодетски, проектантски, градежни фирми, како и за даватели на разни занатски услуги во врска со недвижности.

“До трговска размена не би дошло, ако од неа учесниците не ...
Повеќе

Информации за купувачи

" Ако не можеш да кажеш ништо добро, немој ни да преговараш& ...
Повеќе

Прашања и Одговори

Често поставувани прашања и одговори. ...
Повеќе

Партнери

 

© 2009 Можности Охрид - Агенција за недвижности.
Сите права задржани.
developed by Asidus