Област Категорија
 
€ Цена Квадратни метри Соби
     до       
 
Кат
     до     
 


Шифра-2395
Кажи на пријател   Контакт форма  
Станови
 
Станови во градба Центар
 
Област Центар
Површина 43 m2
Лифт да

ОПИС
Нудиме станови за продажба во најсовремената зграда во изградба во Центарот на Охрид со европски стандарди за функционално, современо и квалитетно домување.

Зграда: По+П+4+ПК со лифт.
Видови на станови:
- со 1 спална: 43, 46, 60м2;
- со 2 спални: 64, 82, 84, 97м2, и
- со 3 спални: 99м2.
Становите од 60, 64, 97 и 99м2 имаат посебни бања и вц.

Зградата се гради согласно стандардите за енергетско ефикасни обејкти: термоизолациона фасада со дебелина 8см, а кај дел од становите (кај јужните балкони) со структурална фасада – алуминиумски носачи и термопан стакло со оптимални вредности за сите годишни времиња.
Влез во зграда со најсовремена технологија: електронска брава со видеофон и вграден читач на отисок на прст и безконтактни картички. Зградата има и просторија за домар и современ подземен паркинг со влезно излезна рампа.

Со Имотен лист за предбележување и можност за купување со кредит со воспоставување хипотека врз станот што се купува.

Во цената е вклучен квалитетен клима уред - инвертер (за греење и ладење) и ролетни.
Цена и начин на плаќање: по договор.
За трошоците: платен ДДВ и Агенција од страна продавач, а само трошоците за пренос се на страната на купувачот.
 
Додатни информации
Договорете на телефон термин за презентација, а за добивање подетални информации, слики од зграда и позиционирана мапа за точна локација контактирајте не преку Контакт Форма (од левата страна) или преку страницата КОНТАКТ.

 

© 2009 Можности Охрид - Агенција за недвижности.
Сите права задржани.
developed by Asidus