Област Категорија
 
€ Цена Квадратни метри Соби
     до       
 
Кат
     до     
 


Шифра-2386
Кажи на пријател   Контакт форма  
Куќи
 
45 000 €
Убава куќа за одмор во с. Љубаништа
 
Област Љубаништа - Св. Наум
Површина 159 m2
Соби 7

ОПИС
Куќата е во викенд населбата во с. Љубаништа со позиција од која го има еден од најубавите погледи на охридското езеро.
Цврста градба П+1 со убави полупокриени тераси и хортикултурно уреден двор од 185м2. Од јужната и западната страна парцелата граничи со пат.

Се состои од 2 станови со посебни влезови, со вкупна површина 159 м2.
Приземје: 52м2 + 28м2 тераса.
Кат 1: 51м2 +28м2 тераса.

Распоред: на приземје има 3 соби, кујна, купатило и тераса; на кат 1 има 2 спални, дневна со кујна, купатило и тераса.
Други податоци: дренажен систем за заштита од влага, лимен кров со изолација, под паркет и ламинат, ролетни, клима уред и др.

Распоредот со 2 стана со позебни влезови во сезона му овозможува приватност на сопственикот т.е да го користи првиот кат, а приземјето да го издава на туристи.
Куќата е во добро одржувана состојба одма веслива за користење.
Овозможува остварување на приходи од туристи, приземјето е опремено за туристичко издавање.

Пријавена цена 45.000 евра. За цената може да се преговара.
По договор може да се купи дел или целиот намештај и уреди во куќата.
 
Додатни информации
За увид контактирајте не' на телефон, а за добивање подетални податоци, фотографии и сл. пишете ни меил или контактирајте не' преку Контакт Форма (од левата страна).

 

© 2009 Можности Охрид - Агенција за недвижности.
Сите права задржани.
developed by Asidus